Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: манипулација во емотивни односи

Се поставуваат прашања зошто некој манипулира во една емотивна врска, кој е манипулаторот и каков, то добива еден манипулатор и освен што е “главен“ во односот дали е задоволен и среќен?

Емотивни уцени, навреди, омаловажување на нечии постигања, љубомора, шпионирање,  се само некои од емоционални манипулации во еден емотивен однос. Манипулаторот со тоа станнува супериорен во однос на жртвата со тоа што може константно да им навлекува чувство на вина  на спротивната страна. Примери: тие ограничуваат, сакаат  се што правите да го правите за нив, обично и вербално малтретираат, навредуваат, се закануваат, заради што другата страна се чувствува заробено, а жртвите само сакаат и постојано се обидуваат да му докажат на манипулаторот дека не е во право.

Дали ова ви звучи познато? Можеби вие се чувствувате така или познавате некој друг. Добро е младите уште во тинејџесрки години знаат да ги препознаат овој вид на класични врски и да станат свесни дека не се виновни тие со своето однесување.   Манипулацииа доаѓа од латинскиот збор lat. Manus- рака и претставува облик на однесување за постигнување на лична корист во секоја ситуација без обзир дали тоа му штети на другиот или не.

Таквото однесување претставува префидна игра каде ништо не е онака како што изгледа на прв поглед, Понекогаш е многу тешко да се препознаат емоционалне манаипулатори бидејќи тие се во состојба да ве натераат  на суптилен начин, да го направите она што тие го сакаат, а да при тоа и се чувствувате добро и корисно во врска со тоа.Моделите  и тактиките на психолошко насилство можат генерално да се поделат во неколку категории:

-уништување на личниот интегритет и самопочитување на жртвата низ обраќање на погрден и понижувачки начин, навредување, засрамување, пред други,окривување, претерано критикување и други облици на омаловажување на личноста.

-пасивно-агресивно скратување на емотивна размена и подршка во смисла на пеихолошко казнување, повлекување и избегнување, презриво игнорирачко однесување, емотивно напуштање и др.

-однесување со закани, експлицитно и имплицитно во вид на физичко повредување, осакатување, (до убиство), доведување на партнерот жртва во опасност, со небрежно однесување на пример невнимателно возење и др.

-ограничување на личниот простор и слобода, изолирање во однос на роднини и пријатели, шпионирање и контрола на движење, проверување на телефонот и сл. Спречување самостојно одлучување на жртвата  во однос на работа, школување. Воспостввување потполна контрола или доминација во одлучување и контрола на финасиски средства, користење на родови стереотипи и патријархални привилегии.

Од големо значење е да се познава феноменологијата на психолошкото насислство. Потребно е да се нагласи дека оние кои се насилници од овој тип вложуваат голем труд, но не можат да ја прикријат склоноста кон насилни модели на однесување и однос, Нивната склоност може рано да се препознае по користњето на посуптилни насилни психолошки тактики. Заради тоа едукација на младите во препознавање на овое тактики има значајно место во превенција на насилството.Што можам да направам ако сум жртва на насилство во партнерски однос?

Ако неко време се чувствуваш лошо во едноа врска со својот дечко или девојка, дали вашите расправии се надвор од контрола, партнерот ти нанесува емционална или физичка болка. Потребно е да си свесен дека овие не се вообичањени детски расправии кои ќе поминат. Постапките на твојот патнер претствауваат своевиден “модел“ на однесување кој го усвоил и кој ќе го користи во своите идни врски. Фактите дека насилните епизоди во врската стануваат се почести и колку и да се трудиш да му удоволип на партнерот/ка и да се однесуваш како што тој бара од тебе, насилството нема да престане.

Жртвите во вакви врски често:

-понекогаш кога се наоѓаат во насилна врска обично или може да  чувствува срам да се доверат на некого во поглед на насилството што го трпат. Или се чувствуваат виновни заради тоа што  избрале таков партнер/ка, срам што тоа си го дозволиле. Или пак со нивните особини тие предизвикуваат насилно однесување кај партнерот (доцнат на состанок и др.),

-потребно е да станат свесни и знаат дека не можат да бидат одговорни за насилното однесување,

-понекогаш заради манипулаторскиот однос тие сметаат дека се криви што тој така се однесува. Однесувањето на другата личност е негово однесување и не би требало да се чувствуваат одговорни за истото.

Заради тоа важно е да пронајдат некоја личност барем една со која можат да разговараат за стравовите и чувствата, и кои личности  ќе им дадат подршка во одлуката да ја прекинат насилната врска.

Во тинејџерските години потребнаа е подршка од страба на “возрасна личност која ќе ги ислуша и која може да вклучи и институција која ќе даде потребна помоиш.

Личности од доверба можат да бидат родители, роднини, професори, психолог, педагог или личност во кпоја веруваат и со која можат отворено да разговараат. Разговорот можа да биде од голема корист биејќи личностите кои се возрасни со своето искуство можат да им даадт адекватен совет и подршка во препознавањето на однос  во кои доминира емотивна манипулија  психолошки или физичко насилство.Секој однос заснован на манипулација е токсична врска која негативно влијае врз менталното здравје на личноста која е жртва на манипулаторот. Како да препознаеме манипулација и како на неа да одговориме? Начинот на кој реагирате на манипулација во голема мера зависи од видот на манипулација со која се соочувате. Ако се почуствувате дека некој манипулира со вас потребни се следните чекори:

-не впивајте манипулација,

-обидете се да направите енергетски штит кој неме да дозволи вашата аура и енергија натушена и да не допрат до вашите чувства и бидете повредени,

-поставете јасни граници,

-бидете подготвени да му покажете на манипулаторот дека сте свесни на неговите обиди за манипулација. Кога некој претера со манипулацитаа и почнете да се чувствувате лошо во таков однос, важно  да во таков однос поставите граници и да покажета дека не сакате да бидете учесник во таква игра со тоа што ќе го одложите одговорот

Имено доколку во важна животна ситуација приметите знаци на манипулација важно е дека треба да ја одложите реакцијата. Пуштете ја да преноќи. Одложете го одговорот додека добро не размислите и не бидете сигурни дека не сте под лупа на манипулација.