Press "Enter" to skip to content

Се реконструираат спортските терени и месната заедница на “Тепсија“ (фото)

Започна реновирањето на дел од месната заедница „Димитар Влахов“ и реконструкцијата на игралиштето во нејзина непосредна близина.Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, дел од директорите на битолските јавните претпријатија, како и претставници од невладините „Преда плус“, „Баирска светлина“, програмата „Ромактед“ и месната заедница, на терен се запознаа со активностите кои веќе се преземени, но и зафатите кои што допрва следуваат.-Со обезбедени средства од над 402.000 денари обезбедени преку шемата за мали грантови финансирана од Советот на Европа и Европска Унија – РОМАКТЕД Програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ од Швајцарската агенција за развој и соработка, во соработка со „Преда плус“ и „Баирска светлина“ како невладини организации, се изведуваат реконструктивни зафати за адаптација на месната заедница, а Општина Битола се вклучува со средства од 450.000 денари. Дополнително ќе бидат приклучени јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Водовод“ со свои активности, за да се овозможи урбана и социјална инклузија на жителите од оваа населба.Исто така, на оваа локација се изведуваат реконструктивни зафати на спортското игралиште, со што ќе се овозможат услови за населението од овој дел да има спортски активности. Ќе бидат поставени спортски реквизити, но и клупи, односно целосна адаптација, со цел да се добие пријатно катче за дружење и за спорт. Средствата се обезбедени од Советот на Европа, преку програмата Ромактед во вредност од над 540.000 денари, а за некаде околу 30-тина дена треба да имаме друга слика на спортскиот терен, рече градоначалничката Петровска.За локалното население, овие два проекти ќе имаат големо значење, посочи Ремзи Медик од „Баирска светлина“ кој рече:-Продолжуваме со подобрување на животот на овие граѓани, не само со еднократна помош. Поделивме помош на граѓани кои се социјално загрозени за време на Рамазанските празници, кога беа доделени социјални пакети. Сакаме ова да продолжи, а сега ќе се посветиме на најгорливото прашање, вработувањето на Ромите, со што ќе се решат некои егзизтенционални прашања. Пред некои време од непознати лица беше демолиран објектот на оваа месна заедница, а сега по реновирањето се надеваме дека граѓаните од оваа месна заедница ќе да дадат свој придонес тоа да го зачуваме.Фатма Бајрам, како претставник на програмата „Ромактед“ додаде:-Потребата од спортскиот терен на овој дел од градо беше неопходен, а со компелтното реновирање на терените и просториите ќе се овозможи здрав развој на ромските деца во своето соседство. Во соработка со општината продолжуваме со други проекти, кои што даваат придонес за подобрување на животот на Ромитем, а заедно во Општина Битола можеме да направиме многу за подобрување на животот на сите граѓани од овој дел на Битола. 

Во рамките на проектот „Сензибилизација и мапирање на домувањето за Роми“, финансиски поддржан од Швајцарска агенција за развој и соработка, еден од надворешните ѕидови веќе има нов, урбан лик, по цртањето на мурал од страна на Hybrid Minds.Општина Битола преку проектот „Општинско корисна работа“ финансирана од УНДП, има ангажирано 5 лица од ромската заедница за услуги за поддршка на стари и изнемоштени лица, лица со попреченост други ранливи категории на лица како одговор на справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот во општината.

Исто така, преку проектот „Креирање можности за работа на сите- Главна фаза”, Општина Битола ангажира 4 лица од ромска националност во тимовите за дезинфекција на јавните објекти и јавните површини во градот во рамките на ЈП „Комуналец“, како и во делот на грижа за чистотата и средување на јавните површини.