Скафандери за повеќекратна употреба за ковид зоната во Инфективното одделение при Клиничката болница во Битола, донираа бугарските дипломати во државата, а донацијата лично ја предаде Ангел Ангелов, бугарскиот амбасадор.
-Сите бугарски службеници во амбасадата во Скопје и Генералниот конзулат во Битола собравме лични средства за купување на заштитна облека за докторите од првата линија кои што се борат со ковид-19. Скафандерите, се произведени во Бугарија, а се најмодерна технологија, а заштитната облека може да се користи и по 50 пати. Вкупно дониравме 17 скафандери, кои се најнова и најмодерна најмодерна заштита направена специјално за зашшита од ковид-19. Со нивна употреба опасноста е минимализирана, Ангелов.
Конзулот во бугарскиот конзулат во Битола, Димитар Иванов, при давањето на донацијата додаде:
-Ги отворивме своите паричници да помогнеме во борбата против кобид-19, а бидејќи погледите се кон медицинските екипи кои не спасуваат од коронавирус. Едни ракоплескаа, други пееја песни, а ние од Амбасадата и Конзулатот ги отвориме паричниците и од наши лични средства одлучивме да донираме на лекарите во Клиничката болница во Битола, за тие да бидат побезбедни.
Директорката д-р Билјана Гагачовска, која ја прими донацијата рече:
-Голема благодарност за овој нов вид и заштитен вид на скафандери, кои што многу ќе ни бидат добродојдени за работа во ковид зоната. Доаѓа лето и ќе биде многу тешко да се работи во таа опрема, а оваа облека ќе биде од голема корист за тимовите кои што работат, затоа што Битола е регионален центар и тука има пациенти од целиот регион.
На примопредавањето на донацијата беше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која рече:
-Свесни сме сите дека се соочивме со еден голем предизвик и како човештво воопшто и токму заради тоа сите заедно здружено, можеме да се избориме и да излезиме од оваа глобална криза. Сакам да упатам благодарност до амбасадата на Република Бугарија и генералниот конзулат во нашиот град, за укажаната поддршка и за донацијата. Скафандерите имаат повеќекратна употреба, тоа го донесе новата технологија, а нашиот сосед ја има развиено за изработка на вакви скафандери.






