Денес во 19.00 часот во серијалот “Корона дијалози“ кои опфаќаат повеќе “он-лајн“ дискусии за влијанието на пандемијата врз општественото живеење и секојдневните текови. Петтата тема на Корона дијалозите е „Влијанието на пандемијата врз транспортната и комуникациска стратегија на Република Северна Македонија- нови регионални, глобални предизвици и потреби“.
Говорници ќе бидат:
-Горан Сугаревски , Министер за транспорт и врски
-д-р Томислав Тунтев , Директор на Агенција за цивилна воздушна пловидба
-проф. д-р Верица Данчевска,Технички факултет- Битола
-проф. д-р Зоран Кракутовски , Градежен факултет Скопје
-проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, Технички факултет- Битола
Модератор: проф. д-р Марјан Ѓуровски, Проректор на УКЛО
Во функција на новонастаната ситуација и оддржување на духот и мотивот кај студентите и професорите на Универзитетите, се оддржува серијалот на активности во овој период со кој непосредно се остварува влијание во справувањето со новите предизвици и креирањето на јавните политики чија промена е нужна. Особено фокус во дискусијата ќе биде на транспорната стратегија на земјата во услови на пандемија, регионалните и глобални движења и влијанија.






