На денешната средба со новинарите, во дворот на Клиничката болница во Битола, на новинарски прашања одговараше директорката д-р Билјана Гагачовска, која на новинарско прашање за каква е состојбата на Инфективното одделение, кое е и регионален центар за болни од ковид-19, рече:
-Инфективното одделение е регионален центар за болни од ковид-19, а во него се хоспитализирани вкупно 8 пациенти кои се позитивни на ковид-19. Сите пациенти кои се хоспитализирани се во средно тешка состојба. Од нив двајца пациенти се на кислородна поддршка, но нивната состојба е стабилна.
Пациентите се од струшко-охридскиот регион, а од Битола нема хоспитализирано пациент позитивен на ковид-19, рече д-р Билјана Гагачовска.
Инаку, од вчера хоспитализирани 7 лица, не беа сите позитивни. Податоците од вчерашниот ден беа дека има 4 ковид позитиви пациенти, 3 суспектни, а и тие се сместени тука бидејќи има друг дел на Инфективното одделение за вакви пациени.






