Press "Enter" to skip to content

Совети од нутриционист: каква храна се препорачува за бремени жени

Поради специфичната состојба кај жените кога се бремени, треба да се знае точно која храна и кои додатоци на исхрана се препорачуваат.

Најосновно правило кај бремените жени е да се има редовни оброци, без никакво прескокнување на оброци, а препорачливо е оброците да бидат повеќе со умерен внес на количество на храна.

Појадок: да биде заснован на витаминско засилен оброк, овошје.

Ужина: покачен јагленхидрат.

Ручек: разновиден со протеински материи и салати.

Вецера: лесно варлива, течна и скробна храна…

Исто така многу битно е да се внесува доволно калциум, поради тоа што кај бремените жени, самиот плод бара повеќе калциум, поради коските, тетиви и заби.

Храна со зголемено количество на калциум, (козјо сирење, овчо сирење, сурутка, кисело млеко, јогурт), а сето тоа го има кај млечните производи.

Исто така и јаткастите плодови имаат нутритивни вредности и се погодни за бременоста како што се ореви, бадеми, ф’стаци, семки…

Препорака: што помалку хемиски елементи и индустриска храна да се внесуваат во текот на бременоста.

За сите кои имаат потреба од совет, план на исхрана, фитнес програма можат да не контактираат на следниов мобилен број 070 355 654 или на Фејсбук страната “Vitaf 100% natural“.

Нутриционист и фитнес советник,

Тоше Соколов – “Витаф диет“