Според прогнозата на метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на потопло време.
Во Битола, за денес, 4 јуни, метеоролозите прогнoзираат сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец. Во некои региони попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. УВ=8. Температурите во Битола ќе се движат од 10 до 25 °С.
За утре, петок, 5 јуни, во Битола, претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.






