Press "Enter" to skip to content

По 5. пат корона дијалози на УКЛО, тема “Влијанието на пандемијата врз транспортната и комуникациска стратегија“

Со најновата тема: „Влијанието на пандемијата врз транспортната и комуникациска стратегија на Република Северна Македонија – нови регионални, глобални предизвици и потреби“ продолжи серијалот Корона дијалози на УКЛО, организиран во соработка со Техничкиот факултет од Битола.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески се осврна кон презементите активности на регионално и национално ниво. Благодарение на успешната и сериозна регионална и комуникацијата со државите во ЕУ за „ослободување“ проток на стоки преку „зелени коридори“, надминат е сериозниот застој во интерес на државите и граѓаните. На национално ниво посочи дел од Уредбите со законска сила надополнети со санитарни протоколи и најави засилени инфраструктурни активности на капитални инвстиции. Нагласувајќи ја потребната координираност меѓу министерствата и државните служби во надминување на административни и други пречки за проток на стоки и патници, министерот посебно ја истакна важноста и проактивноста на академијата, чии предлози и решенија треба да се вклучуваат во градењето нова транспортна и комуникациска стратегија.

Директор на Агенција за цивилна воздушна пловидба д-р Томислав Тунтев низ релевантни податоци даде слика за одвивањето на воздушниот сообраќај на глобално ниво. Тој посочи дека заради драстичната редукција или целосното стопирање на прелетите, субјектите во овој сектор се меѓу најдиректно и најтешко погодените од кризата. На македонските аеродроми реализирани се само неколку карго, медицински и летови за репатријација и овој сообраќај забележа пад од 95%. Унифицирана имплементацијата на новите упатства, препораки и насоки од меѓународните организации според него се особено важни и секоја идна стратегија за развој на воздухопловниот транспортен систем мора да ги земе во предвид новосоздадените критериуми и услови наметнати од глоалната криза.

Професорот Зоран Кракутовски од Градежниот факултет, аспектот во дијалозите го насочи кон мобилноста на луѓето и предложи, покрај веќе имплементираните, преземање и на специфични мерки како што се: зголемена контрола на патниците на граничните премини, уредување и адаптација на улици во урбани зони, мерки за државна помош за транспортните компании, подобрување на инфраструктурата и организацијата на просторот за зголемено користење на немоторизираните видови на транспорт. Тој препорачува дека во менувањето на транспортната перцепција потребно е градење на нови начини и пристапи за решавање на проблемите.

Факти и податоци за сообраќајот и транспортот како економска гранка и како логистичка дејност изнесе професор Верица Данчевска. Прикажувајќи го взаемниот меѓуоднос на националната со сообраќајната политика, таа нагласи дека транспортот и сообраќајот како динамички систем одиграа клучната улога во кризата за превоз на стоки и вработени и укажа на потребата од поголеми зафати во сообраќајното право  сообраќајната политика како и градење нова транспортна стратегија со која ќе се уредат најважните моменти и настани во превозот на стока и патници во домашниот и меѓународниот транспорт. Според неа, Корона кризата од сообраќаен и социјален аспект, доведе и до одредени, позитивни импликации.

Дека кризата Ковид-19 која примарно е здравствена истовремено е и просторна говореше професор Јасмина Буневска Талевска. Решението на кризата го гледа во намалување на оптовареноста на јавниот превоз, автоцентричноста на општините, сообраќајниот метеж и загадувањето. Токму затоа, кризата е можност и предизвик за реализација на концептот за одржлив развој на сообраќајот и мобилноста, еден нов „уличен ре/дизајн и простор анти корона или сообраќајно проектирање за здравје!“ Во предложените конкретни мерки таа укажа на значењето и потребата од одржлива урбана мобилност што ќе донесе многу еколошки, безбедносни, економски и социјални придобивки, прти што истакна дека се неопходни: соработка, силна политичка волја и конкретна акција.

Констататирајќи дека се потребни подготовки за новата реалност, учесниците во Дијалогот како суштинска ја истакнаа потребата за координиран пристап и соработка на сите нивоа, вклучително и во нормативното уредувавање. Недвосмислен е и ставот за брзо, иницијативно делување, сега и одма, како на локално, така и на национално ниво.

Подадената рака од академската заедница според професор Марјан Ѓуровски се очекува да биде соодветно препознаена од државата, како нужна во промената на јавните политики и градењето транспортна и комуникациска стратегија.

Инаку, серијалот Корон дијалози со нова, актуелна тема, продолжува наредната среда. Иницијатор и модератор е проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски.

More from ВестиMore posts in Вести »