Press "Enter" to skip to content

Прес на Валентин Груевски, претседател на Советот, за финансиската помош на здруженијата и спортските клубови

По повод обвинувањата за тоа дека со објавениот оглас за финансиска помош на здруженија и спортски клубови се вршел поткуп на гласачи во предизборието, Валентин Груевски, претседател на Советот на општина Битола, како потписник на Одлуката за распишување на огласот, денес одржа прес-конференција на која рече:

-На прес конференција од врвот на ВМРО-ДПМНЕ бевме обвинети за кои би рекол дека се небулози и погрешни тврења за она што се случува во Советот на опптина Битола. Обвинети сме дека оглас за финансиска помош на здруженија и спортски клубови се вршел поткуп на гласачи во предизборието, сме сакале да го направиме пред избори, сме вршеле притисок на Невладините организации, и сме го терале да ставаат потпис за некаква лојалност. 

-Морам да кажам дека се работи за процедура која оди секоја година, во овој дел од годината и која претходно е потврдена со одлука на Совет донесена во декември 2019 година. Огласот кој го објавуваме се носи на Комисија за финансии, на која јас сум претседател, а која комисија го изгласа присустните членови на Комисијата едногласно , не присутвуваше само еден член на комисијата. Меѓутоа на самата Комисија присутсвуваа членови од сите политички партии кои се претставени во Советот, и ниту еден од тие членови немаше забелешка ни за времето на објавување, ни за содржината. Инаку, седницата на Комисијата беше на 20 мај, за што постојатат записници за тоа што се расправало на седницата, а присутни биле 10 советници кој не ставиле ниту една забелешка на содржината и на времето на објавување на огласот.

-Комисијата за финансии ги разгледува апликациите кога ќе дојдат и ги решава за НВО кои ќе добијат средства и истата Комисија, во најголем број случаи своите одлуки ги донесувала едногласно. Не е предизбротен период, а и во други градови има слични огласи за субвенционирање на велосипеди и друго. И се покажува во овој случај едно апсолутно непознавање на основните работи и она како функционира еден Совет.

 Би повикал, бидејќи Комисијата одлучува, доколку некој е повикан од мене да дојди да потпиши некаква лојалност слободно нека кажи дека сме го повикале во овој период. Конкурсот се уште трае и барањата се доставуваат до 9 јуни, но ако во овој период се продолжи со изборниот процес средствата одлуките и плаќањата ќе се вршат по  завршувањето на изборите. 

More from ВестиMore posts in Вести »