Press "Enter" to skip to content

Денес рекордни 180 новозаболени од ковид-19, Битола по 14 дена со еден нов случај

По 14 дена немање на новозаболен од ковод-19 во Битола, денес според извештајот на Министерството за здравтсво, има 1 нов случај на заразен од коронавирус, со што во Битола има три актовни случаи.

Инаку, во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје 109, Куманово 26, Дебар 1, Штип 15, Тетово 12, Струга 1, Велес 1, Битола 1, Охрид 1, Гостивар 8, Гевгелија 2, Валандово 1, Свети Николе 1 и Неготино 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, во Скопје 6, Прилеп 1 и Велес 4.

Досега во земјата се направени вкупно 34.386 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.790, бројката на оздравени пациенти е 1.632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.009.

More from ВестиMore posts in Вести »