Press "Enter" to skip to content

Како да оставиме подобар впечаток преку нашиот став и држење на телото!? Проект “Комуникација“ за подигање на свеста на населението “ЕУ Институт Скопје“ и “Bitolanews“

Во невербалниот свет на комуникација, секако е битен и нашиот став. Преку него може да изгледаме самоуверено, но и многу инфериорно или небитно а сепак намерата не ни била таква. За да постигнеме сигурен став кој ќе го манифестираме преку нашето држење, а со тоа ќе оставиме впечаток на сигурнст, потребно е да имаме лична самодоверба. За самодовербата ќе зборуваме понатаму во овој циклус на статии. Ваквото држење кое е рефлексија на нашата сигурност, ќе ни помогне секогаш во училиште, понатаму во животот и работното опкружување.ТЕСТ

Како се презентирате себе си на скала од 1 до 10 ? Секогаш е потребно најпрвин да започнеме од себе си и објективно да се самотестираме. Зошто ? За да ги увидиме сопствените грешки, се со цел да се поправиме. Што е друго важно во нашиот став и држење. Битен момент е и начинот на кој што одиме, заедно вклучувајќи ја исправеноста на нашето тело. Внимавајте, телото секогаш мора да ни е исправено.Следна напомена при движење на телото е да внимаваме дали одиме со мали или големи чекори. Секогаш практикувајте мали, елегнатни но сигурни чекори.

Сега ќе ве прашам !

Дали додека одите, гледате во чевлите или во небото пред вас ? Или ако земам пример од поново време, дали одите по улица и стискате на мобилниот телефон, при тоа не внимавајќи на ништо околу себе ? Верувам дека ова секој еден го прави невербално но, еве размислете на оваа тема па можеме за оваа несвесна невербалност да разговараме во некоја од следните колумни.За крај, главно оружје за комлетен став и држење е секако вашата насмевака. Бесплатна е не чини ниту еден денар. Со неа ќе си го подобрите соптвеното расположение а и ќе оставите позитивно влијание во опкружувањето.

СОВЕТ:

Пожелно е да се набљудуваме самите себе си за да имаме сигурен став и одлично држење со кое никогаш нема да имаме проблем со авторитет или несигурност.

За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не контактирате на info@euinstitue.eu.

ПРОДОЛЖУВА…

 Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје. ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442

Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.