Press "Enter" to skip to content

Четворица обвинети за непочитување на полицискиот час во Битола

Основното јавно обвинителство Битола до надлежен суд поднесе два предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени  вкупно 4 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите биле затекнати од полициски службеници при прекршување на полицискиот час, односно непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот за сите четворица обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

More from ВестиMore posts in Вести »