Според Министерството за здравство, а објавено на нивната “фејс бук“ страна, во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а во Битола нема нов случај. Од тестираните регистрирани се 111 нови случаи на ковид-19, и тоа во Скопје 63, Куманово 11, Штип 12, Тетово 8, Велес 3, Охрид 1, Гостивар 3, Крива Паланка 1 и Кочани 9.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти, а кој еден во Битола, а останатите оздравени се од Прилеп 1 и Тетово 4.
Инаку, досега во земјата се направени вкупно 36.325 тестирања на ковид -19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.025, бројката на оздравени пациенти е 1.646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.226.






