Еурофарм Пелистер 0д Битола и Омер Мехмедовиќ го раскинаа договорот кој беше предвиден да трае една + една година, и тоа пред босанскиот ракометар да одигра и еден официјален натпревар во дресот на битолскиот клуб.
Мехмедовиќ во текот на летото беше промовиран како ново засилување на Еурофарм Пелистер и ги започна подготовките со екипата. Двете страни постигнаа договор за прекин на соработката, па Мехмедовиќ веќе нема да биде дел од тимот кој се подготвуваше за новата сезона.
Интересно е што Мехмедовиќ си заминува без ниту еден официјален настап за „зелено-белите“, иако беше доведен како дел од летниот ростер и ги мина подготовките со екипата. Босанскиот репрезентативец во Еурофарм Пелистер пристигна од словенечки Рико Рибница и со битолчани имаше потпишано договор на една сезона.










