Press "Enter" to skip to content

Фото вест: дел од “Чкембарите“ – “Млади Бригадери“ со свој мурал во Центарот на Битола

Групата која е дел од навивачката група од “Чкембари“ од Битола која го носи името “Млади Бригадери“ започна со изработка, цртање на свој мурал во Центарот на Битола, кај семафорите кај Стара Болница.

Оваа навивачка група “Млади Бригадери“ е најмладата кај “Чкембарите“, а пред некое време го прослави својот 5. роденден. Тие се моментно најактивните навивачи на екипите кои го носат името Пелистер, а ги има на фудбалските и ракометните натпревари. Тие со големо пиротехничко шоу по Широк Сокак во Битола, го прославија својот роденден.