-Деновиве без спорт оваа пролет, поради корона вирусот и вонредната состојба тешко ги погоди спортистите, љубителите на спортот и секако спортските новинари, кои пролетва ќе беа сите спортски борилишта фудбалските, ракометните, кошаркарските, салите за поединечни спортови, мото-патеките…, започна со своите сеќавања за рубриката “Деновиве пред 10 години“, во која третира настани кои се случиле во Битола, пред десет години, токму во перидот кога и пишуваме.
-Една од спортските атракции на Битола беше и мото-трката која се организираше на патеката кај селото Братиндол. Неа ја организираа разни клубови од Битола, најпрво започна авто-мото клубот “Ѓорѓи Наумов“, потоа клубот Пелистер, продолжи Сашо Пановски – Гавро, па клубот ЛТД, а една трка организираше и Борче Жолтиот, вели Миновски, кој за трката пред 10 години во овој период од годината вели:
-Деновиве имаме повеќе време и средувам јас некои спортски податоци, а налетав во спортските бележници за мото-трката кај Братиндол во 2010 година, а според моите бележки, неа ја организирал мото-клубот Мото-старс од Битола. На оваа патека се појавиле повеќе од дваесетина мото-кросисти од државата од сите клубови, патеката одлично подготвена, а трката во двете трки поминала во одлична организација, стои во белешките од 2010 година, вели Миновски, кој додава:
-На патеката се појавија и неколкумина мото-кросисти од Битола, тука беше најискусниот Борче Костов – Жолтио, младиот Гулевски, а атракција во возењето и посебно на големиот скок беше Христијан Илиовски – Кико. Како и секоја година и овој пат илјаден народ околу патеката.
-Голема посетеност на овие трки имало секогаш, па така и во оваа 2010 година, Битола односно мото клубовите секогаш биле одлични домаќини, но за жал веќе неколку години нема мото-трки на патеката кај Братиндол, за која велат на најдобра во Македонија. Но, колегите ме информираат дека не само што нема трки, туку и нема клубови во Битола, а битолските мото-кросисти возат за клубови од други градови, најчесто во скопски, вели Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.

Деновиве пред 10 години: мото-трките кај Братиндол атракција, за жал неколку години ги нема (фотогалрија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо, температурата до 24 степени
- Во Битола затворен “Танц Фест 2026“ со изведба на “Будење“ на кореографката Рисима Рисимкин и 30 танчери на сцена (видео+фотогалерија)
- Промоција на преводот на англиски на романот “Три Марии“ на Оливера Ќорвезировска (фото)
- Зголемена проодноста и безбедноста на патот до Чебрен
- Утре полуфинале со МЗТ, Вилсон е оптимист, ова е плејоф, влогот е огромен, но можеме до победа





