Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: сончево со умерена облачност, попладне услови за локален дожд

Метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи за следните денови прогнизираат дека во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Услови за нестабилност проследена со поинтензивни процеси ќе има во вторник, а слично време ќе има и во Битола.

За денес, понеделник, 8 јуни, временската прогниза која доажа од Управата за хидрометеоролошки работи гласи: сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозапападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 31степен. УВ=7. Температурите во Битола до 27°С.

Прогнозата за утре, вторник, 9 јуни, според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи е: сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите во Битола, утре како и денес, до 27°С.

More from ВестиMore posts in Вести »