Press "Enter" to skip to content

Битола денес нема новозаболен, во државата од 987 тестови 87 нови случаи на ковид-19

Според денешните информации на Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19. Во Битола нема регистриран нов случај на заразен со ковид-19. 

Од вкупниот број најповеќе и денес има во Скопје 41, а следуваат Куманово 12, Штип 16, Тетово 10, Струга 1, Охрид 2, Гостивар 1 и Пробиштип 4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти во Скопје 1, Прилеп 2 и Тетово 2.

Досега во земјата се направени вкупно 38.014 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.

More from ВестиMore posts in Вести »