Press "Enter" to skip to content

СВР Битола констатира 270 прекршувања на уредбата за носење на заштитни маски

Министерството за внатрешни работи во континуитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на владата поврзани со справување со пандемијата од Ковид 19.

Во текот на изминатото деноноќие од страна на полициските службеници констатирани се 975 прекршувања на уредбата на носење заштитна опрема. Најголемиот дел од нив се подрачјето на СВР Битола, каде утврдени 270 прекршувања на уредбата за носење заштитни маски.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 383 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата. Најголемиот дел од контролите се направени на подрачјето на СВР Штип 189, а во Битола се направени 24 контроли на објекти.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 6 лица кои не ги почитувале овие мерки.Во државен карантин спроведени се 66 лица, информира на својот ФБ профил, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.