Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од удар тврд предмет-палка со примена на реален аикидо

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-ценатот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад кога сте нападнати со тврд предмет, во прикажаното со палка, кога нападот доаѓа од горе.

Како што е прикажано на фотографиите, нападот доаѓа од горе, а одбрана од удар со палка -одозгора, е на следниот начин: во моментот на нападот, исчекоруваме напред-лево, на тој начин напагачот се наоѓа во празно. Десната рака испружена ја поставуваме помеѓу раката која удира и неговата глава и притиска надолу во задниот дел на главата на напаѓачот, при што се изведува двоен лост врз зглобот од лактото и зглобот на негова десна рака и на тој начин напаѓачот е неутрализиран.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо.