Press "Enter" to skip to content

Фото вест: ЈП “Пазари“-Битола, денес, пазарен ден им дели маски на тезгаџиите и пазарџиите

И денес, вторник, пазарен ден, како и во петокот, вработените во ЈП “Пазари“ проведоа акција за делење бесплатни маски на граѓаните и тезгаџиите на двата пазари во Битола.

Со тоа сакаат да ја зголемат свеста за носење на заштитни маски, а битолчани без разлика дали се тезгаџии или пазарџии да се заштитат од плаќање казни.Раководството на ЈП “Пазари“ апелира до граѓаните и корисниците на тезги максимално да ги почитуваат и да се придржуваат до препораките на Министерството за здравство за намалување на ризикот од појава на инфекција од коронавирус.

Согласно одлуката на Кризниот штаб на општина Битола влегувањето во градскиот пазар во Битола е со задолжително носење на маска, марама или шал, а полицијата започна со санкционирање на лицата кои не носат маски во пазарот.