Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: променливо облачно, нестабилно со пороен дожд и грмежи

Под влијание на циклонска активност над Апенинскиот полуостров, која се приближува кон нашето подрачје, денес на повеќе места во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град, гласи предупредувањето на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, а тоа важи и за подрачјето на Битола.

За денес, среда, 10 јуни, прогнозата за Битола, е променливо облачно, нестабилно со пороен дожд и грмежи, во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. УВ=7. Температурите во Битола до 23 °С.

И за утре, четврток, 11 јуни, прогнозата за Битола е иста како и денешната, сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. УВ=7.

More from ВестиMore posts in Вести »