ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола преку “фејс бук“ профилот ја соопшти статистиката за состојбите во Битола и регионот кој го покрива, во кое се вели:
-Во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 10.06.2020 година земени се вкупно 771 брис за COVID-19 од кои 348 по епидемиолошки индикации, 93 преку упатување од матичен лекар преку системот “Мој термин“ и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг.
Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 35 лица, од кои 30 се со место на живеење во Битола, 3 во Кичево, едно лице во Демир Хисар и едно лице во Ресен.
Според исходот на заболувањето кај 5 лица болеста е во тек (3 од Битола, 1 од Кичево и 1 од Ресен), 28 лица се оздравени и кај 2 лица болеста имаше смртен исход.
Од вкупниот број на лица кај кои болеста сеуште е во тек, две лица се хоспитализирани во Клиничка болница- Битола, а три лица се на домашно лекување.
Заклучно со 10.06. 2020 година вкупно 340 лица се ставени под здравствен надзор поради контакт со позитивно лице или поради враќање од ризична земја.






