Press "Enter" to skip to content

Гестикулации. Проект “Комуникација“ за подигање на свеста на населението “ЕУ Институт Скопје“ и “Bitolanews“

Дознајте дали се работи за доминација или почит кај соговорникот ?

Гестикулациите се дел од говорот на телото. Сите ние ги користиме во поголема или помала мера. Честопати и не сме свесни за тоа. Некогаш знаеме да ги користиме како потврдување на вербалната комуникација, некогаш како дообјаснување и слично.Затоа и во претходните излагања говорев дека невербалната и вербалната комуникација се тесно поврзани една со друга.

Во прилог агенда на дел од гестикулациите:ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ?

Треба да знаеме дека во различни култури постојат различни толкувања на одредени видови на гестикулации. Зависи од културата на земјата и секако обичаите. Затоа, потребно е да внимаваме во која култура каков вид на гестикулации практикуваме.

Пример: Во традиционалната Јапонија не е пожелно кога се поздравувате да пружите рака. Потребно е само да се поколниме со движење нанапред, и тоа е доволно за да изразиме поздрав и почит. Исто така гледањето во очи, претставува знак на непочитување. Тие практикуваат да гледаат надолу, повторно во знак на почит.Во Република Турција пак на пример, покажување на одредени гестови со раце значат одредени навреди.

Што се однесува од балканските прстори но и светот, честопати луѓето со одредени гестикулации и движења до-објаснуваат што сакале да кажат со што потенцираат одредени намери. Балканскиот менталитет налага поинаков вид на невербално и вербално комуницирање. Сакаат постојано да гестикулираат, дури и по пат на допир (тапкање на пример по раменици), гласно зборување (како знак на доминација) да ја израат сопствената индивидуалност.

Еве еден пример на гестикулација од светот која означува доминантност:СОВЕТ:

Дкоколку треба да патувате во некој земја, секогаш потрудете се да ги проучите културите и обичаите. Тоа многу може да ни помогне да се заштитиме себе си од непријатни ситуации и да можеме подобро да ја разбереме околината. Никој од нас не би сакал да се доведе во непријатна ситуација.

ПРОДОЛЖУВА…

За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не контактирате на info@euinstitue.eu.

Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје. ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442

Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.