Националниот парк “Пелистер“ – Битола го постави и вториот фиксен телескоп во близина на врвот Пелистер, со кој планинарите и посетителите ќе уживаа во единствениот поглед од оваа висина.
Оливер Божиновски, одговорен за туристичкиот сектор во националниот парк “Пелистер“ – Битола, за овие фиксни телескопи вели
-Поставен е вториот фиксен телескоп во близина на врвот Пелистер, кај споменикот на Димитар Илиевски – Мурато. Погледот од ова највисоко место во државата е единствен и неповторлив, а планинарите и посетителите ќе уживаат во убавините на Пелистер, Битола и Битолско, како и на Преспа. Поставувањето на двата фиксни телескопи значат зголемување на содржините на Баба Планина, а посетителите на нашиот национален парк ќе имаа нова туристичка атракција.
Двата фиксни телескопи се поставени со рамките проектот на ИПА Интерег, “И-ТОУР“, во кој покрај националниот парк “Пелистер“ – Битола е вклучен и Пелагонискиот плански регион.
Првиот фиксен телескоп е поставен пред извесно време на локацијата кај Црвени Стени, до каде се стигнува преку популарната планинарска рута, омилена кај битолчани.






