Во Битола, денес, 14 јуни, временската прогноза на метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи е дека ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и ќе дува повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. УВ=8. Температурата во Битола ќе достигне до 26°С.
И за утре, за Битола, 15 јуни, понеделник, прогнозата на метеоролозите е слична, сончево и релативно топло, попладне ќе има локален и краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од од западен правец. УВ=8. Температурата во Битола ќе достигне до 27°С.
Инаки за наредната седмица, особено од вторник, метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи прогнизираат дека повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд и грмежи.






