-По повод 50 години од постоењето на Македонското научно друштво од Битола, во Битола на 9 јуни 2010 година се отвори Центар за лобирање чии раководител беше Марјан Танушевски, стои во моите новинарски забелешки запишани во јуни 2010 година, започна со своите сеќавања за случувањата пред 10 години, доајенот на битолското новинарство, Димче Миновски.
На отворањето на Центарот, Танушевски, рече дека целта е едукација на кадар кој во иднина професионално ќе лобира реализација на проекти од локално и национално значање, а лобирањето е комуникациска и лидерска вештина за придобивање на влијателни поединци или групи.
-Деновиве кога се подготвував за оваа рубрика, прочитав дека во овие 10 години воспоставена е соработка со ААЛЕП-Брисел (асоцијација на акредитирани лобисти во Европски парламент), здруженија од Балканот, ДКСК, а во 2019 година д-р Танушевски на покана на Министерство за правда учествуваше во изработка на нов Закон за лобирање, вели Миновски, а за првите активности на Центарот додава:
-Се реализираа курсеви за околу стотина слушатели од бизнис секотрот, локалната самоуправа, политиката, невладиниот сектор, банките, комуналните претпријатија.
На насловната фотографијата се: Зоран Јанакиев – македонски лобист во Брисел, Дубравко Михолиќ – потпретседател на Хрватско друштво на лобисти, д-р Борис Ангелков, – тогашен претседател на МНД-Битола и д-р Марјан Танушевски, раководител.

Деновиве пред 10 години: формиран Центар за лобирање во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Билтен на МВР: кривична за “даночно затајување“, тешко повреден моторциклист откако удрил во заштитна ограда
- Акумулацијата “Стрежево” порибена со 250 килограми крап (фотогалерија)
- СВР Битола: приведувања за напад врз син, сопруга и брат, и за возење без возачка
- Работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Пелагонискиот и Југозападниот регион
- “Денови на македонското пчеларство“ во Битола





