Press "Enter" to skip to content

Во Битола денес уште еден новозаболен, од вкупно 103, по направени 841 тестирања

Според информациите на Минисерството за здравство објавени на нивната “фејс бук“ страница, во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19, а во Битола е регистриран уште еден новозаболен.

По градови новозаболени има во Скопје 46, Куманово 6, Штип 6, Прилеп 2, Тетово 17, Струга 9, Велес 3, Битола 1, Охрид 3, Кавадарци 1, Гостивар 1, Струмица 1, Свети Николе 1 и  Ресен 6.

Починати се пет лица, денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти во Скопје 10, Прилеп 2 иТетово 1.

Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на ковид-19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, бројката на оздравени пациенти е 1.723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.241.

More from ВестиMore posts in Вести »