Press "Enter" to skip to content

Позитивен болничар на ковид-19 на хирургија, симптоми има хирург, стотина битолчани во изолација

Болничар од Клиничката болница од Битола, на одделението хирургија е позитивен на ковид-19, двајца други негови колеги се во излолација, а хирург има симптоми и ќе биде во изолација, соопшти на денешната редовна прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. 

По регистрирањето на последните случаи на битолчани дека се заразени со ковид-10, во илозација заедно со претходните денови во изолација или самоизолација се околу стотина битолчани, од кои најголем број добија решение за изолација во последните неколку дена. 

Во регионалниот центар за ковид, на инфективното одделение се хоспитализрани 26 пациенти, 22 во ковид делот, а 4 во делот за суспектни пациенти, од целиот Југозападен Регион.

More from ВестиMore posts in Вести »