Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: препораки како да реагираме ако сме жртви на манипулација

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Манипулација доаѓа од латинскиот збор lat. мanus- рака и претставува облик на однесување за постигнување на лична корист во секоја ситуација без обзир дали тоа му штети на другиот или не. Таквото однесување претставува перфидна игра каде ништо не е онака како што изгледа на прв поглед. Понекогаш е многу тешко да се препознаат емоционалните манипулатори, бидејќи тие се во состојба да ве натераат  на суптилен начин, да го направите она што тие го сакаат, а да при тоа и се чувствувате добро и корисно во врска со тоа. Секој однос заснован на манипулација е токсична врска која негативно влијае врз менталното здравје на личноста која е жртва на манипулаторот.

Како да препознаеме манипулација и како на неа да одговориме?

Начинот на кој реагирате на манипулација во голема мера зависи од видот на манипулација со која се соочувате. Ако се почуствувате дека некој манипулира со вас потребни се следните чекори:

-Не впивајте манипулација. Обидете се да направите енергетски штит кој неме да дозволи вашата аура и енергија натушена и да не допрат до вашите чувства и бидете повредени.

-Поставете јасни граници. Бидете подготвени да му покажете на манипулаторот дека сте свесни на неговите обиди за манипулација. Кога некој претера со манипулацијата и почнете да се чувствувате лошо во таков однос, важно  да во таков однос поставите граници и да покажете дека не сакате да бидете учесник во таква игра.

-Да го одложите одговорот. Имено доколку во важна животна ситуација приметите знаци на манипулација важно е дека треба да ја одложите реакцијата. Пуштете ја да преноќи. Одложете го одговорот додека добро не размислите и не бидете сигурни дека не сте под лупа на мaнипулација.Манипулаторот станува супериорен во однос на жртвата со тоа што може константно да им навлекува чувство на вина  на спротивната страна. Тие ограничуваат, сакаат  се што правите да го правите за нив,  обично и вербално малтретираат, навредуваат, се закануваат, заради што другата страна се чувствува заробено. Тие (жртвите) само сакаат и постојано се обидуваат да му докажат на манипулаторот дека не е во право. Дали ова ви звучи познато? Можеби вие се чувствувате така или познавате некој друг.

Препораки за  младите.

Младите во тинејџерски години да ги препознаат овој вид на токсични врски и да станат свесни дека не се виновни тие со своето однесување.  Потребно е да се нагласи дека оние кои се насилници од овој тип вложуваат голем труд, но не можат да ја прикријат склоноста кон насилни модели на однесување и однос. Нивната склоност може рано да се препознае по користење на посуптилни насилни психолошки тактики. Заради тоа едукација на младите во препознавање на овое тактики има значајно место во превенција на насилството.

Што можам да направам

Ако сум жртва на насилство во партнерски однос, емотивен однос, ако неко време се чувствуваш лошо во една врска со својот дечко или девојка, дали вашите расправии се надвор од контрола, партнерот ти нанесува емционална или физичка болка?

-Потребно е да си свесен дека овие не се вообичаени детски расправии кои ќе поминат.

-Постапките на твојот патнер претствауваат своевиден “модел“ на однесување кој го усвоил и кој ќе го користи во своите идни врски.

-Фактите дека насилните епизоди во врската стануваат се почести и колку и да се трудиш да му удоволиш на партнерот/ка и да се однесуваш како што тој бара од тебе, насилството нема да престане.Жртвите во вакви врски

-Понекогаш кога се наоѓаат во насилна врска обично или може да  чувствува срам да се довеат на некого во поглед на насилството што го трпат. Или се чувствуваат виновни заради тоа што  избрале таков партнер/ка, срам што тоа си го дозволиле. Понекогаш  ѕие сметаат дека  со нивните особини, постапки  предизвикуваат насилно однесување кај партнерот (доцнат на состанок и др.).

Заради ова потребно е да станат свесни и знаат дека не можат да бидат одговорни за насилното однесување на својот партнер, а понекогаш заради манипулаторскиот однос тие сметаат дека се виновни  што тој така се однесува.

Многу е важно  да пронајдат некоја личност барем една со која можат да разговараат за стравовите и чувствата, и кои личности  ќе им дадат поддршка во одлуката да ја прекинат насилната врска.

Во тинејџерските години потребна е подршка од страна на “возрасна личност“ која ќе ги ислуша и која може да вклучи и институција која ќе пружи потребна помош. Личности од доверба можат да бидат родители, роднини, професори, психолог, педагог или личност во кпоја веруваат и со која можат отворено да разговараат. Разговорот може да биде од голема корист бидејќи личностите кои се возрасни со своето искуство можат да им дадат адекватен совет и поддршка во препознавањето на однос  во кои доминира емотивна манипулија  психолошки или физичко насилство.