На 15.06.2020 во 16,30 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул.„ 8 ми Септември“ и ул. „7 ми Јули“ 54 годишник од Битола управувајќи мопед „драгон“ со битолски регистарски ознаки паднал на коловозот.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.






