На 15.06.2020 година во 05,00 часот, било пријавено дека на ул. “Широк Сокак“ во Битола, во продавница за часовници и накит непознато лице со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и од изложната витрина и извршил тешка кражба одземајќи 28 машки часовници, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вредност од 575.000 денари.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






