Според информациите на Министерството за здравство објавени на нивната “фејс бук“ страница, во последните 24 часа се направени 1.173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19. Во Битола е регистиран еден ново заболен, а станува збор за пациентка која претходно била сместена во Инфективното одделение во Битола.
По градови најмногу ново заболени има во Скопје, вкупно 97, Куманово 5, Прилеп 1, Тетово 11, Струга 3, Велес 1, Битола 1, Кавадарци 1, Крушево 2, Валандово 1, Кратово 1, Кичево 2, Ресен 7 и Неготино 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од: Скопје 6, Куманово 23, Прилеп 2, Тетово 1 и Велес 2.
Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.289, бројката на оздравени пациенти е 1.757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.331.






