Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го откупи договорот на Костески од Загреб, кој е сега ново засилување

Ракометен клуб Еурофарм Пелистер од Битола, го доведе седмото засилување за сезоната 2020/21, откако клубот постигна договор со ППД Загреб и го откупи договорот на младиот репрезентативец на Македонија, Ненад Костески.

19-годишното десно крило стави потпис на тригодишен договор со Еурофарм Пелистер  Битола. Овој млад ракометар кариерата ја започна во Струга, а од минатата сезона се пресели во Хрватска, а во наредните три години ќе биде во Битола.

По доведувањето на двајца млади ракометари, како Кукуловски и Танковски, битолскиот клуб ангажираше трето домашно засилување и наскоро ќе го претстави пред јавноста. Костески се наоѓа во Загреб и се очекува негово пристигнување во нашата земја. Стружанецот ќе се јави на прозивката на Жељко Бабиќ на 27 јули.

Еурофарм Пелистер во Битола претходно ги донесе Танкоски, Периќ, Мараш, Мандалиниќ, Кушан. Договорите се продолжени со Трајкоски, Вегар, Граџан, Ѓукиќ и Кукоски.

More from СпортMore posts in Спорт »