Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне нестабилно

Според временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи во следните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Најсончево и најтопло со умерен до засилен северозападен ветер ќе биде во петок.

За денес, среда, 17 јуни, за Битола, метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи  предвидуваат променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, со повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. УВ=7. Температурите во Битола до 22°С.

За утре, четврток, 18 јуни, за Битола прогнизата на Управата за хидрометеоролошки работи  е сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7. Температурите во Битола до 24°С.

More from ВестиMore posts in Вести »