Press "Enter" to skip to content

Директорот на АФПЗРР Николче Бабовски во посета на ЈП “Стрежево“

Во работна посета на ЈП “Стрежево” – Битола беше директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Николче Бабовски и раководителот на подрачната единица на МЗШВ – Битола, Методија Илиевски, кои реализира заедничка средба со директорот на претпријатието, Методија Граматковски.

Во фокусот на денешната средба беа актуелните новости околу Програмата за финансиска поддршка во рибарство и аквакултура – инвестиции во аквакултурата и набавка на порибителен материјал.

На средбата стана збор и за состојбите во македонското земјоделство како и јакнењето на капацитетите и можностите за продлабочување на заедничката соработка помеѓу двете институции.

-Ja изразувам мојата благодарност за постојанта поддршка од АФПЗРР и сум особено задоволен од досегашната меѓусебна соработка. Сметам дека доделените средства од страна на агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој делуваат мотивирачки за развој на дејноста рибарство и аквакултура и ќе бидат дополнителен поттик во иднина. На средбата истакнав и наши предлози и сугестии кои ќе бидат во насока за дополнително унапредување на рибарството и аквакултурата во нашата земја, изјави по средбата директорот на ЈП “Стрежево од Битола, Методија Граматковски.

More from ВестиMore posts in Вести »