Според информациите на Министерството за здравство, објавени на нивната официјална “фејс бук“ страна, во последните 24 часа се направени 1.391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19. Во Битола не е регистриран нов случај на заразен со корона вирус.
По градови бројот на новозаразени е : Скопје 140, Куманово 2, Дебар 1, Штип 6, Тетово 19, Струга 5, Велес 2, Охрид 11, Гостивар 4, Свети Николе 1 и Ресен 2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти и тоа од Скопје 35, Куманово 1, Штип 6, Тетово 1, Струга 1, Гостивар 1 и Валандово 1.
Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.482 бројката на оздравени пациенти е 1.803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.469.






