Press "Enter" to skip to content

Започна реконструкцијата на “Партизанска“ од кружниот тек кај “Веро“ до “М.А. Ченто“ (фото)

Општина Битола, денес започна со реализирање на проектот, реконструкција атмосферска и фекална канализзација и реконструкција на коловоз на улица “Партизанска“ од “Веро“, над кружниот тек, до ул. “Методија Андонов Ченто“- Битола, а на почетокот на работите за овој градежен зафат зборуваше градоначалничката Наташа Петровска.На почетокот на работите беа и директорите на “Нискоградба“ – Методија Силјановски и на “Паркинзи“ – Зоран Дојчиновски, како и кандидатите за пратеници Горан Козаров и Бисера Костадиновска – Стојчевска.-Се наоѓаме на улицата “Партизанска“ кај кружниот тек кај “Веро“ каде започнуваат градежните активности заклучно со крстосницата кај “М.А. Ченто“ во должина од 730 метри. Инвестицијата има вредност од 581 илјади евра, од кои 355 илјади евра се директно од буџетот на Општина Битола. Главниот канализационен систем се прави со средства од Министерството за транспорт и врски, а останатите водоводни и канализациони приклучоци ги изведуваат јавните претријатија и коловозот го има Општина Битола. Станува збор за потег од “Партизанска“ кој беше во очајна состојба, посебно во делот на коловозот за што реагираа и граѓаните, а сега по завршување на работотите ќе имаме поинаква слика заедно со целата инфраструктура која ќе ја обезбедиме. Ова е потврда на она пшто го најавив во крајот на ноември и декември дека сите проекти кои сме ги изготвиле комплетно денес го гледаат светлото на денот. Во Битола се случуваат низа градежни активности кои покажуваат едена сериозна градежна сезона, до сега е ќе следуваат и други, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска која се осврна и на буџетот на општината:

-Состојбата со буџетот во општина Битола и покрај сите оние обештетување како наследени долгови од минатиот период е стабилен што ме радува особено во сосотојба на пандемија, која носи и свои последици. проекцијата за следниот период потврдува дека ќе продолжиме да се движиме со оваа динамика. Изведувач е “Жикол“ – Струмица и пред отпочнување со работите изработи Основен проект за времена измена на сообраќајот. На овој потег сообраќајот ќе се одвива со нов сообраќаен режим.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »