Press "Enter" to skip to content

“Солстис“-Празникот на музиката“ наместо на Широк Сокак оваа година “он-лајн“

Оваа година, во недела на 21 јуни од 19 до 20 часот, наместо класично одбележување на “Празникот на мизиката“ во Битола, ќе има музичка средба која ќе може да се проследи во двор или тераса, која не се пропушта.

Битола е единствен град во Македонија каде што секоја година на 21 јуни за убав почеток на летните денови го прославува франкофонскиот “Празник на музиката“.Како секоја година, и годинава “Празникот на Музиката“ ќе се одржи на 21 јуни, но во поинакви услови. Оваа дата одговара на долгоденицата и првиот ден од летото. Нема ништо поубаво од музика да ни почне летото. Францускиот институт во Скопје, Француските алијанси во Тетово и во Битола, ви предлагаат музичка средба в недела, 21 јуни, а истата ќе можете да ја проследите од дома, вели почесниот конзул на Република Франција во Битола, Калиопа Стилиновиќ, која додава:

-Во рамките на овој Празник на музиката, ви предлагаме да слушнете фракофонски песни во изведба на “Фолтин“, концерт на Тома Дитрон и композицијата “Кога го бркаме волкот“ на младиот композитор Ерван Шандон, во изведба на музичкиот оркестар “ФАМЕ’С“.Продолжете да нè следите, кликнете “учествувам“ на онлајн настанот и ќе добиете нотификација кога ќе почне настанот, кој  е предложен од Француски Институт од Скопје, и Француска Алијанса Битола и Тетово, гласи поканата до битолчани.

https://www.facebook.com/events/191780942146886/

More from ВестиMore posts in Вести »