За денес, петок 19 јуни, метеоролозите на Управата за метеоролошки работи, за Битола прогнозираат сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен, повремено засилен ветер од западен правец. Попладне можност за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурата во Битола до 25°С. УВ зрачењето 8.
За викендов за Битола, метеоролозите на Управата за метеоролошки работи, прогнозираат, за сабота претежно стабилно и топло време, а само на места ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. За недела, повторно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.






