Press "Enter" to skip to content

Новата управна зграда на “Водовод“-Битола пред комисијата за буџет за ослободување од комуналии (фото)

Јавното претпријатие “Водовод“ од Битола наскоро ќе започне со изградба на нова управна зграда, за своите потреби, а ќе биде сместена во стопанскиот двор на претријатието на  улица “16-та“. Денес планот и видео презентацијата се најде пред советниците од Комисијата за буџет на Општина Битола, кои ќе расправаат да поднесат предлог до Советот на опптина Битола за градбата да биде ослободена од комуналии.

Директорот на ЈП “Водовод“ и кандидат за пратеник денес пред Комисијата рече: -Денес е голем ден за “Водовод“ и на Комисијата им ја презентитаме новата управна зграда се со цел да бидеме ослободени од плаќање на комуналиите. Сонот на “Водовод“ се остварува и ми е мило што еве јас го правам тоа, да имаме сопствена Управна зграда бидејќи само ние од јавните претријатија сме кираџии. По ослободувањето на комуналиите ќе започнеме со изградбата на зградата. Инвестицијата е предвидена 35 милиони денари, а ќе започнеме со парите од Оптина Битола, која го плати долгот на училиштата од околу 12,5 милиони денари, откако направивме некои ослободувања. Тоа не охрабри да започнеме со овој проект. 

Но новата зграда ќе бидат сместени сите, а сегашните 800 м2, ќе бидат заменети со 1.200 м2, во модерен стил, канцеларии во “океански систем“, со поголема комуникација, со пристап за инвалидизира лица, а тука ќе бидат сместени и наплатните центри за водовод.

Претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, претседател на Комисијата за буџет рече: -Мило ми е што како Совет и Оппштина сме дел од реализацијата на една голема инвестиција во Битола, поточно на ЈП “Водовод“, претријатие кои е под кирија, плаќа големи комунални сметки, а сето тоа ќе се намали и ќе добијат современ простор за работа.Општината ќе ги ослободи од комуналии во вредност од 4 милиони денари, со што вкупната инвестиција ќе биде околу 40 милиони денари. Проектот е пред Комисијата за финансирање и буџет, а се надевам дека советниците едногласно ќе ја поддржат оваа иницијатива.

More from ВестиMore posts in Вести »