Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево и топло време со умерена облачност со можна појава на дожд

За денес, сабота, 20 јуни, за Битола, метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи прогнозираат дека претпладне ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8. Температурите ќе достигнат до 24°С.

За утре, недела 21 јуни, за Битола, се прогнозира дека времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=6. Температурите ќе достигнат до 22°С.

More from ВестиMore posts in Вести »