Press "Enter" to skip to content

Направени 1.364 тестирања, регистрирани се 185 нови случаи, во Битола двајца позитивни на ковид-19

Според информации на Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 1364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19. Во Битила се регистрирани нови два случаи.  По градови Скопје со вкупно 96 случаи има најповеќе, Куманово 2, Дебар 18, Штип 4, Прилеп 1, Тетово 14, Струга 20, Велес 2, Битола 2, Охрид 7, Кавадарци 2, Гостивар 2, Крива Паланка 1, Пробиштип 1, Свети Николе 2, Кичево 3 и Ресен 8

Починати се 11 лица, осум од Скопје, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент. Во Скопје 29, Куманово 1, Штип 4, Тетово 2, Велес 4 и Гостивар 1.

Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.005, бројката на оздравени пациенти е 1.904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.868.

More from ВестиMore posts in Вести »