Press "Enter" to skip to content

Денеска е најдолгиот ден во годината и прв ден од летото

Денеска денот ќе биде најдолг, а ноќта најкуса, а тоа значи и првиот ден од летото во Битола. Денешниот ден ќе трае 15 часа и 14 минути, а ноќта ќе биде најкратка за годинава, 8 часа и 46 минути.

Ноќта на 20 јуни во 23:45 стаса летото  кое според долгорочните прогнози на големите светски метео -центри, ова лето на Балканот ќе биде топло и сушно, а таквоо време не очекува и во Битола.

Вообичаено најдолгиот ден во годината е  21 јуни,  172-риот ден во годината според Глигорајнскиот календар (173-ти во престапна година). Остануваат 193 дена до крајот на годината. Исто така е најдолг ден во годината на северната хемисвера, односно најкраток на јужната. И започнува летото, односно зимата.

Во астрономијата денес е вообичаената дата на која настапува сончева пресвртница, односно денот на кој сонцето изгледа како да седи во место.

Во астрологијата, првиот цел ден на хороскопскиот знак рак.

Иако денес започнува летото, сепак кај нас нема да биде сосема летен ден, бидејќи времето во Битола ќе биде променливо.

More from ВестиMore posts in Вести »