-Битола, нејзината околина, а посебно во селата низ Мариово, во изминатите години беа местата каде се снимаа голем број на филмови и серии, посебно од Турција, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар и доајен на битолското новинарство, за тоа што се случувало, не многу далеку, пред 10 години.
-Прва серија која се снимаше во Битола, Битолско и Мариово беше серијата “Збогум Румелија“ која се снимаше од 2007 до 2009 година, а потоа откако продуцентите и актерите се пофалија дека тука има одлични услови и пред се природна сценографија, дојдоа и други филмски екипи вели Миновски, кој додава:
-Во летото 2010 година во јуни во мариовското село Маково се снимаше дел од турскиот филм “Ајде бре“. Филм кој зборуваше за турско семејство кое живеело во Македонија, односно за семејството на Шабан Ага, кој и своите најмили, бил среќен тука, но заминува, не било така поради политика, туку судбината. Инсирација за овој филм била животата судбина на режисерот Орхан Оуз, а неговиот дедо е главниот лик, Шабан Ага, но сега снимано, секако во нов дух, во современа атмосфера.
Околу 30 проценти од филмот се снимаше во Маково, а останатиот дел се снимаше во Турција.
-Режисерот, тогаш рече дека овој предел го видел во кадрите на “Збогум Румелија“, а ги искористил и врските и контактите во Битола, вели Миновски.
Подоцна филмот, “Ајде бре“ беше прогласен за најдобар фил во Шангај, Кина, на 14 издание на овој светски реномираниот Интернационален.
Во филмот учествува и глумци од Македонија, статисти, а целата поддршка беше од битолска екипа.



Деновиве пред 10 години: Во Маково се снимаше турскиот филм “Ајде бре“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- В недела дел од “Булеварот“ ќе биде затворен за сообраќај заради интервенција на канализационата мрежа
- “Генералка Викенд“ од 8 до 10 мај и во Општина Битола
- Борче Даскаловски – тренер на Пелистер од Битола – “пет од пет“ очекувано во плеј-офот, во полуфиналето секој играч да биде подреден на тимот
- Одлични резултати на студентите од УКЛО Битола на Универзитетските првенства (фото)
- Денес е ден на Св. Георгиј кој ја убил ламјата, ден на обновувањето на природата и животот





