Press "Enter" to skip to content

Aкумулацијата “Стрежево“ порибена со 6000 единки подмладок од крап и пастрмка (фотогалерија)

Денеска министерот, Трајан Димковски, зедно со директорот на ЈП “Стрежево“ – Битола Менде Граматковски и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска учествуваа во порибувањето на водите на ова езеро со 1.000 единки подмладок од крап и 5.000 единки подмладок од пастрмка, како дел од активностите за зголемување на популацијата на риби.Министерот Трајан Димковски по порибувањето рече:

-Со водите од акумулацијата се наводнуваат околу 5.000 хектари обработливо земјоделско земјиште, се снабдува со сирова вода системот за водоснабдување на градот Битола и околните населби и се произведува електрична енергија од четири мали хидроцентрали. Акумулацијата “Стрежево“ како дел од овој хидросистем, претставува рекреативна зона каде во убавата природа уживаат жителите на околните места, но и спортските риболовци.Концесијата за управување со водите на ова езеро од минатата година е во надлежност на ЈП “Стрежево“ – Битола и тие во досегашниов период ја оправдаа довербата и успешно се грижат за зачувување на рибниот фонд, управување и стопанисување со акумулацијата Стрежево во целост.Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола, согласно Законот за рибарство и аквакултура, изврши порибување на акумулацијата “Стрежево“ со подмладок од крап и пастрмка, а директорот Менде Граматковски за денешното порибување рече:-Денес го реализиравме порибувањето на места кои се најпогодни според стручните лица, за опстанок на младата риба. Чинот на порибување подразбира набавка на специфициран порибителен материјал, негов транспорт во адекватни контролирани услови од репроцентарот до предвидената локација и безбедно испуштање во риболовната вода. Порибувањето се реализираше во близина на браната “Стрежево“ и Шахтниот преливник со сопствени финансиски средства со подмладок од крап 1.000 единки, со единечна маса од 50-800 грама и пастрмка 5.000 единки, со единечна маса од 10-70 грама. Денешните активности симболично ја манифестираат нашата одговорност и обврска за грижа за заштитата и одржувањето на животната средина” – додаде Граматковски.Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска истакна:-ХС “Стрежево“ е од искучителна значајност за општина Битола, во делот на водоснабдување  и во делот на наводнувањето во Пелагонискиот регион. Сакам да упатам честитки до раководството на ЈП “Стрежево“ за успешноста во изминатиот период. Сега работиме на разгледување на можностите за користење на технолошка вода во рамките на самиот град, односно градско подрачје. Посебно сакам да им честитам за денешното порибување кој покажува дека не само што користиме од природата, туку и умееме и да враќаме назад кон неа.Гостите претходни беа во управната зграда на ЈП “Стрежево“ од Битола, каде имаа работен состанок со директорот Граматковски во неговиот кабинет, а потоа и во комјутерскиот систем на претријатието.Потоа и на браната “Стрежево“ беа запознати со целокупниот систем за наводнување и со специфичностите на браната и акумулацијата, како и начинот и времето на изградба на целиот хидро-систем. 

More from ВестиMore posts in Вести »