Денес во Битола, на плоштадот “Магнолија“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја презентираше изборната програма на партијата преку која ќе ја бара довербата на граѓаните на претстојните парламентарни избори. Тој на презентацијата рече:
-Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност која ја живее секој еден граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе за секого и промени кои ќе ја направат Македонија онаква каква што сакаме да ја имаме. Следува период на нова надеж, нов исчекор каде ќе покажеме дека не сме сите исти, и дека сме различни од нив. Проектот „Обнова на Македонија“ опфаќа мерки и планови кои се изготвуваа повеќе месеци од врвни експерти од земјава и странство, таа е базирана на директни потреби на граѓаните, кои ја синтентизираат нашата визија во работи со конкретни рокови кон кои јас како човек и мојот тим се обврзуваме дека ќе ја исполниме. Го имате мојот збор, а дадениот збор е најважната обврска врз која почива угледот и честа на секој поединец. Обновата е нешто кое народот го бара и го чека долго време, а таа подразбира да имате контрола на својот живот, но и контрола врз заедничките судбини. Тоа значи да имате повеќе за да ви биде подобро. Подразбира нова надеж, шанса за сите, подразбира да го сакате своето, да го помните минатото, но и да се борите за иднината. Македонија мора да се промени, а таа промена која сакате да ја видите е токму ОБНОВАТА.
-ВМРО-ДПМНЕ и целиот интелектуален и експертски тим седи зад еден голем проект. Проектот како што кажав на почетокот се нарекува Обнова. Обнова со над 1.000 проекти за секого. Главниот фокус на „Проектот обнова на Македонија“ се економијата, претприемништвото и поддршка на бизнисот, а целта е едноставна, повеќе пари за секого. Ние мораме преку реиндустријализација и константен економски развој да постигнеме стандарди базирани на вредности. На народот потребни му се пари, наместо демагогија, а на државата работа и резултати, наместо неспособност и порази. Обнова која носи убави нешта за работниците, земјоделците, стопанствениците, пензионерите, невработените, младите и старите, мажите и жените, сите оние кои денес заедно со нас на нозе се креваат, се креваат и креваат глава гордо, високо, и се исправаат!
-Битола е град на културата, на револуцијата и на македонскиот копнеж. Ќе го вратиме сјајот во Битола. Ќе овозможиме обнова преку подобри услови за живот, ново автопатско поврзување на Битола со Скопје преку Прилеп и Велес преку изградба на автопатот кој што е планиран во проектот Обнова на Македонија, од Скопје преку Велес, Прилеп до Битола и границата со нашиот јужен сосед. Гасификација на Битола, но вистинска гасификација, не онаа која што е ветувана со години а никогаш не е испорачана. Бесплатен приклучок за секое семејство, пола од трошоците за енергетска фасада и прозорци покриени од државата, ревитализацијата и модернизацијата на рударско-енергетскиот комбинат во Битола, за почист воздух во Битола, модернизација на фудбалскиот стадион во Битола, осовременување на културните установи во Битола и многу други проекти и содржини. Културата и поддршката на туризмот и младите ќе биде нашиот фокус, но што би зборел јас во културата повеќе од еден Игор Дурловски кој што е носител на изборната листа на победничката коалиција За Обнова на Македонија во изборната единица 5, рече, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
На презентацијата зборуваше и проф. д-р Трајко Славевски, за економските политики и рече:
-Програмата се темели на 4 столба: ефикасна држава, конкурентен приватен сектор, безбедна земја и подобри услови за живот на сите граѓани, а конкретно за економијата рече:
-Очекуваме заздравување на екомомијата уште во првиот квартал на наредната 2021, година, како и намалување на стапката на невработеност на 10 проценти и креирање на доброплатени работни места. зголемување на платите за 25 проценти во наредните 4 години.
Кардиологот Сашко Кедев зборуваше за состојбите и плановите во здравството:
-Основна цел на партијата е да спроведе здравствени политики кои ќе ја вратат довербата на граѓаните во здравсвото, кое е изгубена, а за тоа потребно еден од основните столбови на нашата здраввена политика ќе биде враќање на пациентите во центарот на здрвствените политики бидејќи сите здравствени работници се таму кај што се поради пациентите. Новата состојба со корона вирусот е реалност која нема за брзо да се промени, а можни се и други заболувања од ваков вид во иднина.






