Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во Битола беше на увид на градежни работи на реконструкцијата на трафостаницата “Битола 2“ која е дел од проектот за Ревитализација и модернизација на преносната мрежа, финансиран од ЕБОР.
Реконструкцијата опфаќа замена на стари прекинувачи, демонтaжа на стари системи за управување, инсталирање дополнителна опрема која чини еден милион евра. Во оваа трафостаница, до крај на годинава ќе се постави и нов трансформатор од словенечката компанија Колектор-етра, а инвестицијата чини 2,4 милиони евра а дополнително уште 4 милиони евра преку ЕБОР се предвидени за замена на раставувачи, изолатори, мерни трансформатори. При посетата Шекеринска изјави:
-Навистина ми е драго и овие неколку дена сум на посета на проекти кои го прикажуваат пристапот на Владата. Не се сликам пред жални врби, не давам изјави пред скапи споменици, туку секој ден присуствувам на завршени проекти кои значат помош за економијата за инвестициите за побрз развој и повисоки плати. Ова е навистина капитален проект, од самиот почеток сите инвестиции и пари ги насочуваме да се враќаат во економијата и кај граѓаните. Затоа нашата цел беше да инвестираме во патна инфраструктура, училишта и болници. Но еден од нашите приоритети се и инвестициите во енергетиката. Денеска Битола се развива и како производствен но и преносен џин, која со РЕК Битола ја поврзува државата со своите соседи но и дава голема шанса и за локален развој и создавање на работни места во овој крај.
-Сакам да споменам дека во претходните 11 години имавме 100 проценти зголемување на цената на електричната енергија, во овие три години таа цена ја стабилизиравме. Со тоа ги штитиме буџетите и на фирмите и на граѓаните. Ја вративме и ефтината струја за која имаше многу критики и дека би го растурила системот, очигледно е дека тие што критикуваа не сакаа повеќе пари да останат кај граѓаните. Во овие три години инвестиравме во подобро и поголемо домашно производство. Во само три години извезовме струја во висина од 40 милиони евра со кои ја помогнавме домашната економија, додаде Шеќеринска.

Радмила Шекеринска денеска во Битола на увид на работите на трафостаницата “Битола 2“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Драмата – печалбари прикажана во Сиднеј
- Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 25 степени
- Билтен на МВР: кривична за “даночно затајување“, тешко повреден моторциклист откако удрил во заштитна ограда
- Акумулацијата “Стрежево” порибена со 250 килограми крап (фотогалерија)
- СВР Битола: приведувања за напад врз син, сопруга и брат, и за возење без возачка





