Според информациите на Министерството за здравство, објавени на нивната “фејс бук“ страница, во последните 24 часа се направени 1363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19. Во Битола е регитриран еден случај на новозаболен.
По градови: Скопје 55, Куманово 9, Дебар 1, Штип 1, Прилеп 4, Тетово 20, Струга 2, Велес 2, Битола 1, Охрид 9, Гостивар 4, Гевгелија 1, Струмица 2, Свети Николе 1, Кичево 1 и Ресен 5.
Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од Скопје 37, Штип 3, Прилеп 5, Тетово 24, Велес 1, Гостивар 4.
Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројката на оздравени пациенти е 2.048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.012.






