Press "Enter" to skip to content

Дурловски носителот листата на коалицијата “За обнова на Македонија“ се обрати од Битола

Денес на стартот на изборната кампања носителот на изборна единица 5, Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ од Битола се обрати до граѓаните дека му е особено чест што кампањата за парламентарни избори ќе ја започне од својот роден крај Битола.

-Нашата победа е сигурна, тоа го знаат и политичките опоненти. На овие избори Коалицијата “За обнова на Македонија“ нуди програма која е одговор на потребите на нашите граѓани и на нивните приоритети. Дурловски додаде дека е време да се врати достоинството на државата, да се овозможи владеење на правото, да се зајакне економијата, да се консолидира здравствениот систем, да се унапреди и образованието, да се стави на заслужено место македонската култура.

-Ова е нашата визија, во која што може да се препознае секој граѓанин и која нуди решенија за најгорливите прашања во Македонија. Сигурен сум дека македонскиот народ ќе го препознае тоа и на 15-ти јули по сите здравствени протоколи на избори ќе го даде својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и за Коалицијата „За обнова на Македонија“. Да покажеме дека нивното време заврши. Дека сме посилни од нив, дека Македонија е посилна од се, нагласи Дурловски.

More from ВестиMore posts in Вести »